SBS Examines: Зошто сексуалното образование е дел од наставата во Австралија?

Busy school yard, pavement or footpath. Legs in motion

Од предучилишна возраст до 12-та година, сексуалното образование е дел од училишната настава во Австралија. Source: Getty / Lincoln Beddoe

Get the SBS Audio app

Other ways to listen

Сексуалното образование е контроверзна тема, но повеќе експерти велат дека е клучно младите да научат за своите тела, својот идентитет и здравите врски. Па, што е тоа што ги загрижува некои од родителите?


Сеопфатното сексуално образование вклучува низа важни теми, според И-Лин Ченг, менаџерка за промоција на здравјето на организацијата Семејно Планирање Австралија.

„Не се работи само за секс, сексуално преносливи инфекции и контрацепција. Станува збор за согласност и донесување на информирани одлуки“ вели таа.

Но, таа признава дека некои родители се загрижени за тоа што изучуваат нивните деца.

„Некои прашања се често поставени од родители од сите заедници,“ изјави г-ѓа Ченг за SBS Examines.

„На пример, дали овој вид образование ќе го поттикне моето дете да има секс?“

Според г-ѓа Ченг, сексуалното образование треба да се прилагоди на потребите на студентите и чувствителните теми треба да бидат комуницирани на културно соодветен начин.

Но, не треба се задржуваат информации поради овие причини.

„Станува збор за прилагодување на информациите според потребите на публика и признавање дека културата и верата на секоја личност ќе влијаат врз нивните ставови.“

Сексуалното образование се разликува низ Австралија, според д-р Дејвид Родес, виш предавач на Факултетот за образование на Универзитетот Едит Кауан.

Тој вели дека наставната програма е нејасна и може да се толкува на повеќе начини.

„Не ги учиме младите во Австралија истите работи, ниту им обезбедуваме пристап до исти материјали и информации,“ вели д-р Родес.

Тој додава дека младите луѓе ќе бараат информации на други места ако не добијат одговори на нивните прашања поврзани со секс и сексуалност.

Тој вели дека сеопфатното сексуално образование е од клучно значење.

„Овие информации се критични за развојот на идентитетот и здравите односи...треба да ги прилагодиме нашите образовни програми на потребите на децата.“

Слушнете повеќе за сексуалното образование во Австралија, во овој прилог на SBS Examines.

Share