Суперхероината ја истрча и последната животна трка со насмевка

MARIJA MAKRI FOTO.jpg

Поранешниот македонски атлетичар Стевче Георгиевски, неговата прерано почината ќерка Марија Макри и внукот Марк, кој на 10-годишна возраст ја изгуби битката со церебралната парализа во 2023 година за време на австралискиот добротворен настан STEPtember 2020.

Get the SBS Audio app

Other ways to listen

Марија Макри, мајка на три деца и хуманитарка од Сиднеј, која неуморно трчаше маратони со цел да ја подигне свеста за предизвиците на децата и возрасните кои живеат со церебрална парализа, ја “истрча” и последната животна трка со насмевка, оставајќи, со нејзините само 37 години, огромен печат во средината каде што живееше.


Марија Макри и нејзиното синче Марк, кое ја изгуби битката со церебрална парализа во 2023 година, беа насмеаните профилни лица на хуманитарниот проект STEPtember.

Тоа е годишен настан кој што се одржува ширум светот со цел да се соберат средства за унапредување на истражувањата за лекување на церебралната парализа како и да им се обезбедат помагала, терапија и други услуги на болните.


Share