Latest

Ескалира насилството во ОК: Еве како дезинформациите ја влошија ситуацијата

Објавите на социјалните мрежи во кои погрешно се идентификуваше осомничениот убиец од Саутпорт како муслимански имигрант, поттикнаа исламофобично насилство.

'Enough Is Enough' Rally In Sunderland

Активисти од крајната десница одржуваат протест под слоганот „Доста е“ во Сандерленд, Англија, по ширење на дезинформации на интернет. Credit: Drik/Getty Images

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Наредниот текст содржи теми и слики кои можат да бидат вознемирувачки за некои читатели.

Три девојчиња, на возраст од 6, 7 и 9 години, беа убиени на час по танцување со тема на Тајлор Свифт на 29 јули, во градот Саутпорт, на 29 јули. Осум деца и двајца возрасни беа повредени.

17-годишен осомничен беше уапсен и обвинет за три убиства, 10 обиди за убиство и за поседување на нож. Поради неговата возраст, неговиот идентитет беше сокриен.

Но, лажните информации за идентитетот на осомничениот брзо се проширија на интернет, именувајќи го Али-Ал-Шакати и тврдејќи дека тој пристигнал во Велика Британија со брод во 2023 година.

Во вторникот по настанот, членови на заедницата на Саутпорт се собраа на бдеење. Но во текот на вечерта, избувнаa немири.

Локалната џамија беше оштетена, а 53 полицајци беа повредени.

Оттогаш, анти-имигрантските немири се раширија низ целата земја, а повеќе од 370 лица беа уапсени за време на викендот.

Во четвртокот, наредбата за анонимност беше поништена поради немирите, а осомничениот беше идентификуван како Аксел Рудакубана.

Тинејџерот бил роден во Кардиф, неговите родители потекнувале од Руанда и не е од исламската вера.

Неговата погрешна идентификација придонесува кон „штетни стереотипи и предрасуди“ и исламофобија, вели извршната директорка на Регистарот за исламофобија Австралија, др. Нора Амата.

„Како последица на тоа, џамијата во Саутпорт и други џамии беа вандализирани, а членовите на муслиманската заедница беа нападнати и малтретирани. Муслиманските и мултикултурните заедници се вознемирени од настаните“


Доселениците, бегалците и во овој случај, муслиманите повторно се жртви на виктимизација.
Д-р Нора Амат

Кој шири дезинформации?


Истакнати јавни личности ги поттикнаа немирите со ширење дезинформации на интернет кои погрешно ја поврзаа трагедијата со имиграцијата и исламот.

Ултра-десничарскиот активист и ко-основач на Англиската одбранбена лига (EDL) Томи Робинсон тврдеше дека нападот со нож бил „уште еден доказ дека исламот e индикација на проблеми со менталното здравје отколку религија на мир“.

Тој ги повика своите речиси 900,000 следбеници на социјалната мрежа Х да се приклучат на немирите.

Полицијата на Мерсисајд потврди дека членови на партијата биле меѓу оние кои протестирале во Саутпорт во вторникот.

Protest In Southport Sparked By Rumours Of Stabbing Suspect's Identity
Полицијата за разбивање на немири ги задржи демонстрантите по избивањето на немирите на 30 јули 2024 во Саутпорт, Англија. Credit: Getty Images
Самопрогласениот „женомрзец“ Ендру Тејт, кој има 9,8 милиони следбеници на X, тврдеше дека осомничениот бил „нелегален мигрант“ кој „дошол со брод“.

И други корисници на X ширеа дезинформации, вклучувајќи го и @iamyesyouareno, кој погрешно тврдеше дека идентитетот на осомничениот бил „Али-Ал-Шакати“ и дека „бил на списокот на MI6“.

„Владата знаеше дека тој претставувал опасност за општеството, но не направи ништо. Лудо.“ напиша корисникот.

Вонредниот професор и експерт за дезинформации Тимоти Грејм од Универзитетот на Квинсленд за технологија, изјави за SBS дека нападот со нож и дезинформациите предизвикале емоционален одговор од „луѓе кои припаѓаат на сите иделогии“.

„Се води борба на обвиненија, луѓето се обидуваат да го објаснат настанот на начин што одговара на нивните интереси,“ рече тој.

Тој го спомна примерот со политичарот Најџел Фараж од Обединетото Кралство, кој запраша дали полицијата лажела кога објавила дека нападот не бил поврзан со тероризам.

„Можеби не се свесни за опсегот на тоа што го кажуваат и како тоа се одразува на интернет,“ рече вонредниот професор Грејм.

Тој изјави дека овие објави можат да користат „шифриран јазик“ кој функционира како суптилен сигнал наменет за специфична група.

„Испраќаат сигнали што ги активираат одредени групи луѓе кои веќе се подготвени и кои се екстремно загрижени за одредени прашања.“

И покрај тоа што дезинформациите се значаен фактор во немирите, проф. Грејм изјави дека тоа не е единствениот придонесувачки фактор.

„На жалост, ова е класичен пример на совршена бура,“ рече тој.

„Луѓето се вознемирени поради тоа што се случува во светот, постои екстремна структурна нерамнотежа каде што само мал дел од луѓето имаат екстремно богатство, а многу луѓе се борат со високите трошоци за живот и има високо ниво на политичка недоверба во Обединетото Кралство.“

Protest In Southport Sparked By Rumours Of Stabbing Suspect's Identity
Полицијата за разбивање на немири ги задржува демонстрантите по избивањето на немирите на 30 јули 2024 во Саутпорт, Англија. Credit: Getty Images

Влијанието врз муслиманските заедници


Премиерот Кијр Стармер ги осуди немирите, но сè уште не ги означи како исламофобични.

Во петок, верски лидери од исламската, христијанската и еврејската вера се собраа пред џамијата во Саутпорт каде се прочита заедничко соопштение.
Southport incident
Претседателот на Џамијата на Исламскиот центар на Саутпорт, Имам Шеик Ибрахим Хусеин, се обрати за немирите во заедницата. Credit: James Speakman/PA
Во соопштението се вели дека „растечките нивоа на исламофобија не треба да е дозволено да се развиваат во нашето општество.“

„Постојат некои кои избрале да го искористат она што треба да биде момент на колективна жалост за да посеат семе на поделба, да шират исламофобија и да ја нападнат џамијата тука во Саутпорт,“ прочита Кари Асим, претседател на Националниот совет за џамии и имами.

„Денес стоиме тука обединети во нашата жалост и решени во нашата осуда на тие опортунисти кои без срам се обидуваат да ги поделат нашите заедници.“

People demonstrate to defend Liverpool mosque from the threat of far-right attacks
Демонстранти против расизам за време на демонстрацијата пред џамијата Абдулах Куилиам во Ливерпул. Source: EPA / Adam Vaughan/EPA
Последиците од овие дезинформации се чувствуваат и во Австралија.

„На жалост, овие инциденти имаат глобален одек, особено за видливо идентификуваните муслимански жени,“ рече д-р Амад.

„Таквите настани можат да предизвикаат зголемена страв, анксиозност и ранливост, бидејќи тие можат да станат цели на говор на омраза, дискриминација или дури и физичко насилство.“

Таа додаде дека на повеќе муслимански жени им е страв да бидат во јавност.

„Тие се во постојана состојба на подготвеност.“

На жалост, ова е класичен пример на совршена бура.
Вонредниот професор Тимоти Грејм

Д-р Амад се надева дека ова ќе служи како потсетник на „важноста на точна и одговорна дискусија во политиката на медиумите.“

„Насилните немири што ги гледаме во Обединетото Кралство не се случија во вакуум,“ рече таа.

„На жалост, сведоци сме на огромните и насилни последици дезинформациите.“

LISTEN TO
Experiencing Islamophobia image

Islamophobia in everyday life

SBS English

30/07/202407:21

Share
Published 27 August 2024 5:45pm
By Rachael Knowles
Presented by Ana Kotaleska
Source: SBS


Share this with family and friends